дома Магазин Ќе ми недостигаш таков терсене каков што беше и баш заради тоа...

Ќе ми недостигаш таков терсене каков што беше и баш заради тоа уникатен – Елена Ристеска се збогуваше со Владо

Македонската поп-пејачка Елена Ристеска преку емотивна објава на социјалните мрежи се збогуваше со Владо Јаневски, кој почина по кратко боледување.

Последно збогум за Владо Јаневски во среда на гробиштата во Бутел крај Скопје

Ристеска се присети на нивните приватни дружења, заедничките теми и на неговиот специфичен карактер.

„Ќе ми недостигаш Владе, ќе ми недостигаат нашите разговори за книги и автори, за музика, за животот, за нашата професија, нашите дружби… Ќе ми недостигаш таков терсене каков што беше и баш заради тоа уникатен. Ќе ми недостига хуморот кој ретко го прикажуваше пред други“, напиша Ристеска.

Таа откри дека нивната последна средба на кафе поминала во планови за следни разговори кои, за жал, нема да се остварат.

„Иако се видовме на кафе пред неколку месеци, пак останавме недоречени, ама договорени да се доискажеме на следна средба која очигледно нема никогаш да се случи. :((( Фала ти за сѐ, за секој совет, за секој збор и мудрост, за секоја средба, за секоја книга споделена, за секоја песна…“, додава пејачката.

На крајот од својата порака, Ристеска се осврна на големата празнина што се создава на домашната сцена по заминувањето на големите имиња.

Ми беше другар, а јас твојата Каља… си замина тивко, без поздрав – Калиопи скршена од болка

„И која песна да ја ставам сега кога секој текст ти е генијален и совршен… Можеби Булки е правата за овој момент. За жал многу музичари се собравте на таа страна, а многу болка оставивте на оваа… Ах Владе.. многу брзо замина, без збогување. П.С.Никогаш не ти споделив дека како дете “Корпичка” ми беше омилена песна“, завршува Ристеска.

ПредходнаПочина еден од најзначајните македонски режисери
СледнаУапсени 10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци