Мекленбург-Западна Померанија, една од 16-те германски покраини, во петокот објави дека повеќе не користи онлајн алатки од американскиот софтверски гигант Мајкрософт. Наместо тоа, се префрли на домашно произведен софтвер.

Покраинската влада соопшти дека се обидува да ја намали надворешната зависност во дигиталната сфера. Покрај дигиталниот суверенитет, станува збор и за заштеда на пари на среден и долг рок, изјави за ДПА министерот за финансии на покраината, Хајко Геуе.
Во срцето на новата стратегија е воведувањето на платформата Nextcloud, онлајн платформа со отворен код развиена во Германија.
Таа им овозможува на корисниците безбедно да складираат и споделуваат датотеки, тимски разговор и видео конференции без да ја предадат контролата врз сопствените податоци на надворешни добавувачи.
Транзицијата од платформата SharePoint на Microsoft е веќе завршена за првите 5.000 корисници, без никакви проблеми или губење на податоци, изјави директорот за информатичка технологија на државата, Марко Аншутц.
Проектот предвидува транзиција на повеќе од 50.000 вработени во јавниот сектор, од министерства до локални самоуправи, кон новиот систем. Софтверот на државната инфраструктура го управува државен давател на ИТ услуги.
Мекленбург-Западна Померанија, исто така, се обидува да избегне зависност од американските технолошки гиганти кога станува збор за вештачка интелигенција и ги користи францускиот Мистрал и латвискиот Тилда.




