дома Македонија Наместо електронско гласање на дијаспората, гласање преку пошта – нов предлог за...

Наместо електронско гласање на дијаспората, гласање преку пошта – нов предлог за Изборниот законик

Во Собранието нов обид за да се испеглаат разликите околу Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ со предлог наместо електронско гласање на дијаспората, гласањето да биде преку пошта.

Опозицијата која имаше забелешка за електронското гласање, побарала време да го разгледа предлогот.

Според СДСМ, електронското гласање на дијаспората отвара сомнеж за изборни манипулации.

– Нема никаква причина за вакво брзање, освен намерата однапред да се отвори простор за изборни манипулации. Наместо аргументи, ВМРО бега од одговор на клучните прашања – зошто инсистира на електронско гласање без соодветни гаранции, зошто граѓаните во дијаспората ги става во ризик од сомнежи за злоупотреби и зошто воведува двојни аршини за гласањето, посочија денеска од СДСМ.

Следниот состанок на парламентарните групи би требало да се одржи следната недела.

Новиот Изборен законик треба да се донесе до 15 јули, а електронското гласање е една од забелешките на опозицијата.

 

ПредходнаПремиерот не открива кој ќе биде назначен за секретар за добро владеење
СледнаДва нови пожари – над селото Белица на границата со Јасен и над филтер станицата во Штип