Иранскиот преговарачки тим во Оман не успеа да постигне договор за предлогот на Оман да останат отворени две рути во Ормутскиот теснец.

Ова го објави дописникот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на дипломатски извор.
Според информациите, бидејќи иранската делегација не добила согласност од режимот на ајатоласите за време на состанокот со претставниците на Оман и Катар, ќе мора да го однесе предлогот во Техеран за понатамошна внатрешна дискусија.
Во меѓувреме, претходните извештаи од иранските државни медиуми тврдеа дека иранскиот тим го отфрлил и предлогот на Катар за отворање трета рута во водниот пат.
Според информациите, ова е средната рута помеѓу оманската и иранската рута, која Техеран ја има целосно минирано.


