Руската војска изврши неколку ракетни напади врз области на Одеса. Засега нема информации за последиците, објави Би-Би-Си.
Локалните канали на Телеграм објавија дека руските авиони испукале меѓу пет и осум крстосувачки ракети во правец на Одеса.
Потоа некои од нив пријавија експлозии, но без никакви детали. Колку ракети беа соборени, колку ги погодија нивните цели и кои беа тие – не е познато.
Во саботата навечер во регионот Одеса, според изјавите на локалните власти, две лица загинаа како резултат на руски ракетен напад . Потоа Русите испукуваа беспилотни летала и единечни ракети кон Одеса и регионот во текот на денот.


