дома Македонија Изборниот законик во ќорсокак, рокот пред истекување

Изборниот законик во ќорсокак, рокот пред истекување

Среда е последниот рок за Изборниот законик. Опозициската „Левица“ за денеска најави обид за организирање на средба со опозициските партии за усогласување на ставовите. Од СДСМ, пак, се изјаснија дека нема да учествуваат бидејќи средбата ја гледаат како класичен обид на премиерот Христијан Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. 

За Левица, суштината на средбата ќе биде една изборна единица која ќе овозможи Собранието пореално да ја отсликува волјата на граѓаните.

– Нашата цел не е уште една политичка средба без исход, туку сериозен обид опозицијата да застане зад најголемата демократска реформа на изборниот систем – една изборна единица. Доколку постои добра волја, понеделник може да биде почеток на процес што конечно ќе ја воспостави еднаквоста на секој глас, изјавија од Левица.

Оттаму со критики до власта која се согласува да прифати се што ќе предложи опозицијата само да се прифати нивното барање дијаспората да гласа електронски или по пошта.

– ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, оставајќи ја опозицијата сама да го расплетува јазолот што самата власт го создаде. Власта не може да биде предлагач на закон, да располага со парламентарно мнозинство, а истовремено да се однесува како обичен набљудувач на процесот, велат од Левица.

Левица утре во обид да организира средба за Изборниот законик

Опозициската СДСМ останува на ставот да не се брза со модалитетите на гласање на дијаспората. За нив да одлучува експертски тим. Велат дека не се против гласањето на дијаспората која и сега има можност да гласа, туку против начините на гласање што ги предлага власта кои ја отвораат можноста за изборни манипулации.

– Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората. Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните, изјавија вчера од СДСМ.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според изјавите на премиерот Мицкоски и пратениците во македонското Собрание, е согласна да ги прифати забелелшките од опозицијата, но нејзината црвена линија е гласањето на дијаспората.
ПредходнаНајмалку 4.490 луѓе починаа во Венецуела
СледнаИранците издадоа налог за апсење. Италијанското разузнавање започна истрага.