дома Свет Балкан Хрватска: Бура проследена со дожд и силен ветер ја погоди Пула и...

Хрватска: Бура проследена со дожд и силен ветер ја погоди Пула и околината

 Бура проследена со дожд и силен ветер ја погоди Пула и околината синоќа, објавија хрватските медиуми.

 

 

Пожарникарите во Пула имаа четири интервенции во текот на вечерта за отстранување на гранки што паднале на патиштата, објави Индекс.
Хрватските метеоролози издадоа предупредување дека по полноќ во Хрватска се очекуваат чести врнежи од дожд проследени со грмотевици, а локално се очекуваат и силни ветрови.
Метеоролозите најавија дека во западна Истра се можни бурни ветрови со налети до 100 километри на час.

ПредходнаГерманец обвинет за силување на 14 жени, под истрага се уште 60 можни жртви
СледнаИран тврди дека извршил напади врз американски бази во Кувајт, Јордан и Бахреин