дома Македонија Поради супервештачење направено по наредба на Кривичниот суд е преквалификувано обвинението за...

Поради супервештачење направено по наредба на Кривичниот суд е преквалификувано обвинението за Латас

Супервештачење од областа на економското, финансиското, материјалното и сметководственото работење било клучно да се преквалификува обвинението за новинарот Драган Павловиќ – Латас и да настапи апсолутна застареност, појаснуваат од Обвинителството откако Кривичниот суд соопшти дека обвинителот се откажал од обвинителниот акт.

Супервештачењето, како што посочуваат од Обвинителството, било направено по наредба на Кривичниот суд.

– На расправата која се одржа на 27.05.2026 година свој исказ пред судот дадоа и вештите лица, кои наспроти прашањата на обвинителот, потврдија дека фактичката состојба изнесена во обвинението е променета. Согласно вештачењето, износот на даночното затајување од „значителен“ беше намален во “поголем’ и согласно тоа не ги исполни елементите на кривичното дело од ставот 2, односно мораше да биде преквалификуван во ставот 1 од членот 279 – Даночно затајување. Иако предметниот јавен обвинител Марија Џабирова Велков во своето обраќање потенцираше дека останува на воведните говори изнесени на главна расправа во досегашниот тек на предметот, сепак мораше на самото рочиште да изврши преквалификација на обвинението токму поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.03.2024 година, соопшти попладнево Обвинителството.

Отфрлено е обвинението против Латас, обвинителот го повлекол обвинението

Предходна26 граѓански организации бараат итно запирање на постапките за нови геолошки концесии
СледнаЛевица: Со назначување на Ана Виткова за член на РКЕ целосно се партизира институцијата