дома Македонија Дали ќе има жалба за Талир ќе се знае откако Обвинителството ќе...

Дали ќе има жалба за Талир ќе се знае откако Обвинителството ќе ја добие пресудата

Откако ќе ја добие и анализира пресудата за случајот „Талир 2“, Обвинителството ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
– Не можам да ви одговорам сега, бидејќи како и во секој предмет, така и во овој, ќе се чека писмената верзија на пресудата. Целото образложение ќе се анализира и тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил обвинителството со својата одлука и образложение или не, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
Савески тврди дека обвинителката Ленче Ристовска би го водела случајот доколку не си дала оставка.
– Токму овој предмет, доколку таа не поднесеше оставка, ќе беше во нејзино надлежно постапување. Во овој предмет моето повлекување на овластувањата никако не можеше да се смета дека имало последица да ѝ биде одземен предметот. Доколку останеше, таа ќе работеше на овој предмет, вели Савески.
Кривичниот суд донесе одлука со која го ослободи од обвинение поранешниот премиер Груевски што наиде на критки од опозициските партии, а за случајот свое видување даде и поранешната обвинителка Ленче Ристоска која го водеше случајот.
Судијката Даниела Алексовска при објавувањето на пресудата рече дека при одлучувањето биле земени предвид измените на Кривичниот законик од 2023 година.

ПредходнаОбвинителството се вклучи во случајот со зголемен број заболени во Гостивар
СледнаОчекуваниот работен век во ЕУ е 37,5О, во Србија е 35,5 години, а во Северна Македонија 31,8