дома Свет Иран го нападна американскиот Команден центар за специјални операции во Ал-Танф, Сирија

Иран го нападна американскиот Команден центар за специјални операции во Ал-Танф, Сирија

Иранската револуционерна гарда денес објави дека го нападнала американскиот Команден центар за специјални операции во Ал-Танф, Сирија, како одмазда за убиството на ирански војници во Ираншахр, објавија иранските медиуми.


Гардијата, исто така, изјави дека Иран ја задржува целосната контрола врз Ормускиот теснец и дека нема да се извезува нафта или гас преку него сè додека продолжуваат американските напади, објавија иранските агенции Мехр и Тасним.
Најмалку седум лица беа убиени синоќа во американските напади врз мостови во Бандар Хамир, пристанишен град во јужен Иран, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Иранските државни медиуми синоќа објавија дека американските напади погодиле аеродром и два моста во јужен Иран, во близина на Ормускиот теснец, како и два моста во близина на селото Кохурестан и реката Шор во округот Бандар Хамир. Американската војска синоќа започна нов бран воздушни напади врз Иран, шеста ноќ по ред, со цел да ги намали иранските воени капацитети, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).

ПредходнаКина ги отфрла обвинувањата на Трамп за мешање во изборите во САД
СледнаСонцево накај 40, попладне можен летен дожд