дома Македонија Претседателката на Индија пристигна во земјава, ја пречека министерот Муцунски

Претседателката на Индија пристигна во земјава, ја пречека министерот Муцунски

Претседателката на Индија Друпади Мурму вечерва пристигна на скопскиот аеродром каде ја пречека шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Муцунски вечерва сподели фотографии од пречекот на Фејсбук. Во објавата пишува дека очекува средбите што ќе ги реализира индиската претседателка да бидат поттик за унапредување на соработката.
– Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, напиша Муцунски.
ПредходнаНевреме на југоистокот, граѓаните пријавуваат штети
СледнаОд попладне промена на времето, дожд и засилен ветер до петок