Голем инцидент го засени крајот на финалето на Светското првенство, откако аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес влезе во физичка пресметка со двајца шпански фудбалери по поразот од 1-0 од Шпанија.
Според снимките што се појавија по натпреварот, Паредес најпрво го удри Ерик Гарсија, а кога Гави се обиде да ја смири ситуацијата, аргентинскиот играч за врска тргна и кон него, предизвикувајќи хаос на теренот веднаш по последниот судиски свиреж.
🚨 Gavi and Leandro Paredes clash after the final whistle of Spain vs Argentina.
pic.twitter.com/mU1H32Dyex— Sports on Predict (@sportsonpredict) July 19, 2026
Главниот судија реагираше со директен црвен картон за Паредес по завршувањето на натпреварот, но се очекува ФИФА дополнително да го разгледа инцидентот и да донесе одлука за евентуална подолга суспензија.
Шпанските фудбалери останаа во неверување поради однесувањето на аргентинскиот репрезентативец. Наместо вообичаените сцени на спортско честитање по финалето, мечот заврши со турканици и физички напад што предизвика бројни реакции.
Особено внимание привлече инцидентот со Гави, кој неодамна се врати на терените по тешка повреда и беше меѓу оние што се обидоа да ја смират ситуацијата.





