САД ја завршуваат деветтата последователна ноќ напади врз Иран, објави денес Централната команда на САД (CEMTCOM).

Нападите биле насочени кон иранските воени командни центри, позиции на единиците за воздушна одбрана и крајбрежни системи за надзор, поморски воени капацитети, места за лансирање ракети и беспилотни летала и комуникациски мрежи, според соопштението на ЦЕНТКОМ.
„Американските воени напади ќе продолжат да ги ослабуваат иранските воени капацитети што се користат за напад на комерцијални и цивилни бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец“, се вели во соопштението.
Иранските државни медиуми почнаа да известуваат за експлозии низ северните и јужните делови на земјата рано утрово околу 2:30 часот по локално време.
Како одговор на американските напади, Иран испука ракети кон Јордан, што создаде ризик од ширење на конфликтот во соседен Израел.
Во меѓувреме, ЦЕНТКОМ потврди дека двајца американски војници се убиени во Јордан откако биле цел на ирански ракети и беспилотни летала во петокот, а во неделата соопшти дека се пронајдени неидентификувани останки за време на потрагата по друг војник исчезнат во тој напад.
Друг американски војник наводно бил убиен во Ирак во саботата за време на „контролирана детонација“ на една од иранските експлозивни направи во саботата.




