Во угостителски објект во Охрид на 14-годишен малолетник му точеле алхокол по што малолетникот паднал во бесознание и бил пренесен во болница.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против угостителскиот објект и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.
– При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста, информира МВР во полицискиот билтен.




