дома Локално Традиционална крводарителска акција во сеќавање на земјотресот во Скопје

Традиционална крводарителска акција во сеќавање на земјотресот во Скопје

Црвениот крст на Град Скопје традиционално во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, и годинава организира крводаротелска акција.

Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

На крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници.

ПредходнаНајави за локално невреме, од утре стабилно и топло
СледнаУтрово од 5 часот за камионите се затворени границите кон Грција, а патниците се пропуштаат на секои на 10 минути