дома Македонија Економија Македонија остана без грант од ИПА фондовите за железницата

Македонија остана без грант од ИПА фондовите за железницата

Македонија ги загуби парите од ИПА фондовите кои требаше да ги искористи за доизградба на железничката пруга кон соседна Бугарија.

Поради поминат временски период, и доцнење на изведбата, парите од ИПА повеќе не се достапни, па Владата премина кон промена на договорот, со цел да може и понатаму да користи од договорените кредити за овој грандиозен проект.

– Со оглед на фактот дека во предвидениот рок не беше склучен договор за градба, ИПА алоцираните средства за овој проект повеќе не се достапни, па оттука и Секторот за централно финансирање и склучување на договори во Министерството за финансии нема повеќе надлежност за спроведување. Имајќи го предвид горенаведеното, се јави потреба за промена на финансиската и имплементационата структура на проектот, т.е. промена на надлежната институција која ќе биде одговорна за спроведување на тендерската постапка за градба– се посочува во законското решение испратено во Собранието.

Имено до народните избраници се испратени две законски решенија, но поентата е дека се менуваат законите за да се избришат зборовите „кој делумно се финансира и преку Инструментот за претпристапна помош-ИПА на Европската Унија“.

ПредходнаФЗО сѐ уште не ги наплаќа придонесите навремено, открива ДЗР
СледнаДве лица и фирма кривично пријавени за даночно затајување и штета на Буџетот од 12,6 милиони денари