Денес, Германците избираат безалкохолно пиво двапати почесто за време или по тренинг. Ова особено важи за генерацијата родена помеѓу 1997 и 2012 година.
Меѓу нив, 21 процент избираат безалкохолно пиво поради активен тренинг, а меѓу оние од генерацијата 1981-96 тој удел е за два процентни поени помал.
Општиот просек на сите генерации е 16 проценти, а денес само осум проценти од граѓаните пијат алкохолно пиво за време или по тренингот.
Со други зборови, некогаш задолжителната кутија пиво за „третата половина“ во Германија е минато.
Традиционалното пиво сè уште доминира во потрошувачката, но продажбата на пиварниците е во опаѓање со години.
Инаку, 44 проценти од испитаниците рекле дека никогаш не пијат пиво, 36 проценти од мажите и 52 проценти од жените.
Оние кои најчесто пијат пиво, во 55 проценти од случаите, го прават тоа кога се среќаваат со семејството или пријателите, на прослави, 41 процент, со оброк, 50 проценти, на одмор, 41 процент или на разни настани, 33 проценти.
Во вакви пригоди, безалкохолното пиво е поретко на масата, но во анкетата, алкохолното и безалкохолното пиво се речиси изедначени кога станува збор за избор на освежителен пијалок по работа и на крајот од денот.
„ЈуГов“ анкетирала 2.119 луѓе преку интернет помеѓу 6 и 8 јули.




