По пожарот во објектот на Гиро Хаус во Лептокарија се огласија од компанијата од каде информираа дека е причинета значителна материјална штета поради што објектот привремено ќе биде затворен се додека просторот не биде целосно реновиран.
– Во несреќниот настан нема повредени лица, што е најважниот исход во оваа тешка ситуација. Причинета е значителна материјална штета, поради што оваа подружница привремено нема да работи сè додека просторот не биде целосно саниран и повторно безбедно ставен во функција. Во меѓувреме, нашите гости можат да нè посетат во ресторанот Gyro House во центарот на Скопје, спроти Соборниот храм, се наведува во соопштението.




