Американскиот актер Винсент Пасторе, најпознат по улогата на Салваторе Бонпенсје во телевизиската серија „Сопранови“, почина денес во Бронкс на 81-годишна возраст.

Неговиот менаџер, Роберт Атерман, објави дека пријателите го пронашле телото на Пасторе во Бронкс, објавува „Њујорк тајмс“.
Пасторе ја стекнал својата најголема слава по улогата на Бонпенсје, со прекар „Големата пусичка“, првично голем пријател на главниот лик, шефот на мафијата Тони Сопрано (Џејмс Гандолфини), но кој станал информатор на ФБИ.
Сцената во која Сопрано, Силвио Данте (Ситвен ван Зант) и Поли Гаултиери (Тони Сирико) на крајот од втората сезона од серијата го убиваат Бонпенсје, е една од најпаметните сцени од серијата, додава „Њујорк тајмс“. Пасторе имал голем број улоги во кои играл криминалци, мафијаши и гангстери, а играл и како статист во филмот „Goodfellas“ со Роберт де Ниро, Реј Лиота и Џо Пеши.




