дома Македонија Пожарот во кавадаречко изгаснат по три дена борба со огнената стихија

Пожарот во кавадаречко изгаснат по три дена борба со огнената стихија

По три дена, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вечерва на Фејсбук објавувајќи фотографии им се заблагодари на сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот.

– Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци што деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија, напиша Јанчев.

Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба, им порача Јанчев.

Пожарот во кавадаречко, како што денеска изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, бил еден од потешките пожари во изминатите денови.

 

ПредходнаНафтата поевтини на берзите по сигналите за можен договор меѓу САД и Иран
СледнаДневни температури до 40 степени, здравствените власти со препораки