Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневни температури кои на некои места ќе достигнат до 40°C. Локален развој на нестабилност се најавува од четврток во попладневните часови.
Денес, утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а дневните од 33 до 40 степени.

Во Скопје, максималната температура ќе достигне до 39 степени, а утринската ќе се спушти до 16 степени.
Здравствените власти со препораки до граѓаните да не излегуваат од 11 до 17 часот, да носат лесна облека и да пијат доволно течности. За секоја промена во здравствената состојба, да се консултираат со матичниот лекар.
Апел испратија и од здруженијата за заштита на животни барајќи од граѓаните да обезбедат доволни количини свежа и чиста вода за животните.



