Најновите научни истражувања открија дека под Крвавите водопади на Антартикот има екосистем стар милиони години.
Нова студија, објавена во списанието „Nature Geoscience“, покажа дека под глечерот се крие исклучително богата заедница на микроорганизми и дека тие најверојатно се потомци на древна морска заедница која можеби била изолирана од остатокот од светот милиони години.

Крвавите водопади (Blood Falls) со децении претставуваат еден од најнеобичните природни феномени на Земјата. На белата површина на глечерот Тејлор на Антарктикот, светлоцрвен млаз се влева во езерото Бони, оставајќи трага од крв што тече низ мразот.
Некогаш се веруваше дека црвената боја е предизвикана од алги, но научниците неодамна утврдија дека станува збор за древна, екстремно ладна вода заробена под глечерот. Овој раствор е богат со растворено железо, кое, кога ќе дојде во контакт со кислород, брзо оксидира и ја добива препознатливата црвена боја.
За првпат Крвавите водопади се откриени во 1911 година од страна на британско-австралискиот геолог Томас Грифит Тејлор.



