дома Локално Топло и денес, максимална температура до 38 степени

Топло и денес, максимална температура до 38 степени

Управата за хидрометеоролошки работи најавува за денеска максимални температури од 32 до 38 степени. Во попладневните часови можна е појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево, топло и ветровито со минимална температура од 21 и дневна до 37 степени.

И во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

ПредходнаАстероид со големина на патнички авион минува покрај Земјата
СледнаДелови од Каарпош, Центар и Студеничани без вода