дома Свет Балкан Зеленски ги отповика амбасадорите во Албанија, Хрватска и Црна Гора

Зеленски ги отповика амбасадорите во Албанија, Хрватска и Црна Гора

Украинскиот претседател Володимир Володимир Зеленски донесе одлука за отповикување на амбасадорите на Украина во неколку држави, меѓу кои се Албанија, Хрватска и Црна Гора, според претседателските уредби објавени вчера.

Според објавените укази, кои беа пренесени од албанските медиуми, отповикан е Володимир Шкуров, кој ја извршуваше функцијата амбасадор во Албанија од април 2020 година, како и Васил Кирилич од амбасадорската позиција во Хрватска и Олех Херасименко од Црна Гора.

Во соопштенијата од кабинетот на украинскиот претседател не се наведени конкретните причини за овие кадровски ротации, а во моментов сѐ уште нема именувано нови амбасадори за овие дипломатски претставништва.

Како дел од пошироката дипломатска ротација, Зеленски со посебен указ го отповикал и амбасадорот на Украина во Пакистан, Маркијан Чучук.

Овие отповикувања доаѓаат во период кога се случуваат значајни промени во дипломатскиот состав, откако деновиве Зеленски ја разреши и амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина.

Само неколку дена по нејзиното разрешување, Врховниот суд за борба против корупцијата ја стави Стефанишина под истрага и одреди мерка со кауција од околу 134.000 американски долари, бидејќи таа е осомничена за нелегално богатење и лажно пријавување на имот.

По повод судската одлука, самата Стефанишина изјавила дека нема доволно финансиски средства да ја плати кауцијата што ја одреди судот

ПредходнаАнамарија Голтес поднесе тужба во Словенија и бара 50 милиони долари од Лука Дончиќ
Следна23 пожари и интервенции, а сеуште гори кај Македонски Брод