дома Култура Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена...

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид

  По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век.

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во ОхридМозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство.

Настанот е дел од програмата со која се одбележува 75-годишниот јубилеј на музејската дејност во Охрид.

ПредходнаДанските ученици ќе ги бранат усно писмените трудови за да не мамат со помош на AI
СледнаОпштина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица