дома Свет Најмалку седум загинати при напад во училиште во Тајланд (ВИДЕО)

Најмалку седум загинати при напад во училиште во Тајланд (ВИДЕО)

Најмалку седум лица се убиени, а уште 15 други се повредени денеска при напад во училиште во Тајланд, јавија локалните медиуми. Најмалку едно повредено лице е во критична состојба.

Весникот „Каосод“, повикувајќи се на локалните власти за справување со катастрофи, информира дека се верува оти меѓу загинатите се тројца наставници, тројца ученици и напаѓачот малолетник.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.

Нападот се случи денеска претпладне во училиштето Дебсирин Нонтабури во покраината Нонтабури, северно од Бангкок.

Првичните резултати од истрагата укажуваат дека осомничениот напаѓач бил ученик во училиштето. Безбедносните служби велат дека најверојатно по нападот извршил самоубиство.

Според извештаите, полицијата и службите за итни случаи се распоредени во голем број во и околу училиштето, а учениците, наставниците и другиот училишен персонал се евакуирани од зградата.

ПредходнаГрчка вечер на „Охридско лето“ со уметниците Теодосија Нтоку на пијано и виолончелистот Масимо Полидори
СледнаНов украински напад врз „рускиот Амазон“: Дронови паднаа на покривот на центарот (ВИДЕО)