дома Локално Поголеми пожари во Сопиште и Волково, се вклучуваат ер тракторите

Поголеми пожари во Сопиште и Волково, се вклучуваат ер тракторите

Два поголеми пожари попладнево има на територија на Волково и во општина Сопиште зад Водно. Во гаснењето на пожарот во Сопиште активирани се трите ер трактори.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека кон пожарот во Сопиште упатени се и четири пинцгауери на ДЗС.

Пожарот во Волково постепено се става под контрола.

ДЗС информира и за поголем пожар во близина на Јажинце, кој поради брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата е брзо изгаснат.

ПредходнаДваесет повредени при судир на патнички и товарен воз во Хрватска (ВИДЕО)
СледнаДрон експлодира во близина на гасовод во Бугарија