дома Македонија Приведен возач кој ја предизвикал несреќата во Радишани, избегал и не им...

Приведен возач кој ја предизвикал несреќата во Радишани, избегал и не им помогнал на повредените

Приведен е возач од Арачиново кој учествувал во предизвикувањето на сообраќајката во Радишани во која загина 19-годишниот мотоциклист.
За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.
– По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денес МВР.
Во сообраќајката загина 19-годишниот Н.М. од село Побожје, а возачот на „алфа ромео“ со италијански таблички, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје се здобил со повреди.
ПредходнаНа Табановце за влез, на Богородица за излез од земјата се чека по 30 минути
СледнаНесреќа во Хрватска, се судрија патнички и товарен воз, има повредени