дома Македонија Црна хроника Кочанчанец приведен за објавување експлицитни снимки на поранешната девојка

Кочанчанец приведен за објавување експлицитни снимки на поранешната девојка

Полицијата во Кочани го лишила од слобода 19-годишниот кочанчанец А.М. поради објавување на социјалните мрежи на експлицитни снимки на неговата поранешна девојка без нејзина согласност.

Како што соопшти МВР, полициски службеници го привеле А.М. постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од Виничко дека во периодот од 30.07 до 07.08 оваа година преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил нејзини експлицитни видеа и фотографии, кој потоа преку социјалните мрежи ги направил достапни за трети лица.

А.М. се товари и за испраќал пораки со навредлива содржина до неговата поранешна девојка преку апликации на социјалните мрежи.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се додава во соопштението на МВР.

ПредходнаСкопјанец скокнал од чамец во Преспанското Езаро и исчезнал
СледнаКипар планира од 2028 година да стане алтернативен снабдувавач со гас на Европа