дома Македонија Возачот кој ја предизвика несреќата во Радишани се сомничи за тешки дела...

Возачот кој ја предизвика несреќата во Радишани се сомничи за тешки дела во сообраќајот и неукажување помош

Обвинителството ќе го гони 46-годишниот возач од Арачиново кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист, а возачот на друго возило беше повреден.

Четириесет и шестгодишниот арачиновец се товари за „Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин му го пресекол патот на мотоциклистот кој за да избегне директен судар со автомобилот, отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока по што удира директно во автомобилот “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна.

Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно е повреден возачот на автомобилот “алфа ромео”.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

– Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола, информира Обвинителството.

 

ПредходнаПожарот во Британска Колумбија излезе од контрола: Огнот проголта илјадници хектари, прогласена вонредна состојба