дома Свет Пожарот во Британска Колумбија излезе од контрола: Огнот проголта илјадници хектари, прогласена...

Пожарот во Британска Колумбија излезе од контрола: Огнот проголта илјадници хектари, прогласена вонредна состојба

Властите на канадската покраина Британска Колумбија прогласија вонредна состојба поради шумскиот пожар во Балд Рејнџ и евакуира околу 18.000 луѓе. Пожарот зафати површина од над 10.300 хектари, а пожарникарите продолжуваат да се борат со огнената стихија.

Канадската Федерална влада соопшти дека ќе ѝ помогне на Британска Колумбија во справување со огнот и во обезбедување засолништа и сместување за евакуирамите жители.

Службата за шумски пожари на Британска Колумбија соопшти дека пожарот брзо се шири поради топлото и суво време, додавајќи дека слабата видливост и ширењето на огнот им го отежнуваат работењето на леталата и пожарникарите на терен.

 Во гаснењето се вклучени десет хеликоптери, вклучително и еден со опрема за ноќно летање, но нивните активности се попречени од турбуленции поради густ чад од пожарот.

Покрај 34-те пожарникари од Австралија, петмина од Нов Зеланд и 214 од Мексико кои веќе дојдоа на помош на нивните колеги од Канада, се очекува во наредните денови во Британска Колумбија да пристигнат и дополнителн број пожарникари од странство.

ПредходнаОрбан снимен на фестивалот во Гуча, пие „шљивовица“ (ВИДЕО)
СледнаВозачот кој ја предизвика несреќата во Радишани се сомничи за тешки дела во сообраќајот и неукажување помош