дома Бизнис Кипар планира од 2028 година да стане алтернативен снабдувавач со гас на...

Кипар планира од 2028 година да стане алтернативен снабдувавач со гас на Европа

Потрошувачите може да очекуваат природниот гас од крајбрежјето на Кипар да помогне во задоволувањето на енергетските потреби на Европа уште во март 2028 година, изјави кпарскиот министерот за енергетика Михаел Дамијанос.

Според Дамијанос, источниот Медитеран брзо станува алтернативен извор на енергенси за европските земји, бидејќи руската агресија врз Украина и превирањата на Блискиот Исток го принудуваат континентот да бара нови извори.

Дамијанос рече дека француската компанија „Тотал Енержи“и италијанската „Ени“ минатиот месец донеле конечна одлука да продолжат со активности на полето за природен гас Кронос покрај јужниот брег на Кипар.

Проектот ќе овозможи прва испорака на гас од полето на источниот Медитеран до европскиот пазар.

„Поради војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, важно е за Европа во овој момент Кипар да стане алтернативен извор на гас“, рече Дамијанос.

Според конзорциумот „Ени-Тотал Енерџис“, работата за изградба на гасовод од полето Кронос до постојната инфраструктура на огромното египетско поле за природен гас Зор, оддалечено 105 километри, ќе започне во текот на оваа година и ќе трае 18 месеци.

Потоа гасот ќе се транспортира до погон за преработка на северниот брег на Египет, каде што ќе се втечнува и ќе се испраќа до Европа.

Транспортот на гас од полето Кронос до Египет е економски најисплатлива опција поради близината на постојната инфраструктура.

Спогодбата предвидува гасот од полето Кронос да биде насочен кон Европа, со одредба дека околу една петтина од вкупните количества треба да се користат за задоволување на дел од домашните енергетски потреби на Египет.

ПредходнаКочанчанец приведен за објавување експлицитни снимки на поранешната девојка
СледнаПарижанка пронашла две бомби и му ги однела на свештеник во локалната црквата