дома Македонија Апел до граѓаните: Лажни СМС пораки за сторени прекршоци од „Безбеден град“

Апел до граѓаните: Лажни СМС пораки за сторени прекршоци од „Безбеден град“

До граѓаните повторно стигнуваат лажни СМС пораки за сторени прекршоци од Безбеден град. Преку линк кој го содржи пораката се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни при користење на интернет, да не отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали.
– СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач “MVR-SC”. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат “https://safecountry.mvr.gov.mk...”, појаснува МВР.
ПредходнаТрамп потврди тајна размена на авиони поради закана од Иран во Турција
СледнаПо кинеското лансирање, 41 земја бараат однапред известување за ракетни тестови