дома Локално Многу топло и денес, од утре промена на времето

Многу топло и денес, од утре промена на времето

Многу топлото време ќе се задржи уште денес по што веќе од утре се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За денес се очекува максималната температура да достигне до 40 степени особено во јужните делови од државата како што се Гевгелија и Демир Капија.

Од утре веќе со промената на времето се очекува да опаднат и дневните температури.

Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата постепено повторно ќе расте.

ПредходнаБилансот на загинати во земјотерсот во Колумбија достигна најмалку 224
СледнаСилна бура синоќа ја погоди Словенија