дома Македонија Ќе добие ли Гостивар конечно вода за пиење

Ќе добие ли Гостивар конечно вода за пиење

По речиси еден месец без питка вода за пиење, Гостиварци денеска ќе знаат дали конечно ќе добијат чиста вода за пиење. Двете последователни анализи на водата покажале дека повеќе нема бактерии, но поради поголемото присуство на хлор во водата побарано е од јавното претпријатие „Комуналец“ да го намали хлорот.

По зголемениот број на граѓани со стомачни тегоби кои побараа лекарска помош, Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули донесе забрана за пиење на водата. Во Гостивар беше прогласена епидемија во која над 5000 граѓани побараа лекарска помош поарди симптоми на триење од водата која беше загадена со фекалии.

На 27 јули беше донесена одлука дека водата може да се користи само како техничка, а продолжи испораката на флаширана вода во Гостивар.

ПредходнаОблак од пепел од вулканот Етна ги попречи летовите до Малта
СледнаМосква ги засили нападите, а Кремљ го отстрани Јаблоко од изборите