
Популарниот јутјубер Aсид неделава сподели видео, откако речиси еден месец отсуствуваше од платформата. Во видеото тој објаснува дека причината за неговото отсуство биле проблеми со ментално здравје, за чие надминување побарал помош од ChatGPT.
Тој во видеото велид да почнал да разговара со ChatGPT затоа што му била потребна помош од некого, кој „не знае ништо за него и може да даде искрено мислење“
„ChatGPT го кажа она што требаше да го слушнам во вистинскиот момент. И тоа ми донесе многу мир во душата“, изјави Асид.
Ваквото признание на јутјуберот предизвика реакции кај експертите, кој ја посочуваат важноста да се разговара со некого кога нешто ве мачи, но нагласуваат дека во последно време сè поголем број млади луѓе користат вештачки чет-ботови како „психолози“.
„Но, тоа не е без ризици“, предупредуваат експертите.
Тие признаваат дека посетата на психолог може да биде проблем за младите луѓе, бидејќи листите на чекање во менталната здравствена заштита некогаш се проблем за побрзо добивање стручна помош. За разлика од ова, четботот е секогаш достапен и анонимен.

Истражувањата укажуваат на нова реалност дека сè повеќе млади луѓе се консултираат со јазични модели на вештачка интелигенција кога работите не им одат добро.
Кои се ризиците од користење на вештачка интелигенција како психолог?
Психолозите велат дека постојат многу млади луѓе користат четботови за да разговараат за своите чувства. Според нив, тоа не треба да биде терапија, но може да биде прв чекор кон барање помош.
Тие посочуваат дека зад четботот нема личност, па никој не е одговорен ако ChatGPT даде лош совет.
Анализите покажуваат и дека пациентите стануваат сè потранспарентни во врска со употребата на вештачката интелигенција.
Она што вештачката интелигенција го одговара не е секогаш бесмислено, бидејќи таа се потпира и на она што веќе постои. Но, вештачката интелигенција не го зема предвид целиот контекст или позадина на вашето прашање. Таа одговара само на она што сами го внесувате, па постои ризик вештачката интелигенција да го каже она што сакате да го чуете, додека психологот веројатно нема да го стори тоа. Тоа е големата разлика во споредба со психолог, кој работи со целата ваша приказна.

„Во 2026 година, не можеме да го игнорираме фактот дека младите луѓе користат вештачка интелигенција, дури и кога имаат прашања во врска со нивната ментална благосостојба. За некои, таков четбот може да биде првиот достапен чекор за пребарување информации или организирање на нивните мисли, но тој не го заменува личниот разговор кога е потребно“, се наведува во едно истражување.
Според експертите, четботот може да поттикне некои млади луѓе да разговараат со некого во нивната непосредна околина или со стручно лице. Сепак, тие се согласуваат дека ако нешто ве мачи, тоа сигурно не треба да остане на четботот, затоа што вештачката интелигенција не е развиена за да биде психотерапевт.
За младите луѓе кои се соочуваат со проблеми останува советот да разговараат. ChatGPT може да бидат прв чекор во овој поглед, бидејќи е секогаш достапен, не осудува и може да понуди сигурност, но, како што нагласуваат експертите, тој е општ, дистанциран и без никаква одговорност.
За оние кои се навистина се на работ, разговор со човечк – пријател, родител, наставник или професионалец – останува незаменлив. Вештачката интелигенција може да ја разубави чекалната, но не може да ја замени вратата за помош.




