дома Македонија Трае увидот во Мавровка, истрагата треба да утврди како починал Лирим Хајредини

Трае увидот во Мавровка, истрагата треба да утврди како починал Лирим Хајредини

Се уште трае увидот во трговскиот центар Мавровка каде утрово беше пронајдено беживотното тело на оперативниот директор на Алсат М, Лирим Хајредини.
Полицијата го обезбедува местото во зградата, а истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство, убиство или за смрт настаната од невнимание со оглед на тоа што просториите на телевизија Алсат М се наоѓаат во трговскиот центар Мавровка, на последниот кат, а телото е најдено на терасата на горниот кат, под работните простории на Тв Аласт М.
Телото ќе биде предадено на обдукција, а повеќе информации се очекуваат од надлежните институции.
Полицијата засега само потврди дека денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека е пронајдено беживотното тело на Л.Х (38) кое починало од здобиените повреди.

Пронајден мртов, со повреди на телото, директорот на Алсат, Лирим Хајредини

ПредходнаБургас домаќин на Евросонгот 2027