Се уште трае увидот во трговскиот центар Мавровка каде утрово беше пронајдено беживотното тело на оперативниот директор на Алсат М, Лирим Хајредини.
Полицијата го обезбедува местото во зградата, а истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство, убиство или за смрт настаната од невнимание со оглед на тоа што просториите на телевизија Алсат М се наоѓаат во трговскиот центар Мавровка, на последниот кат, а телото е најдено на терасата на горниот кат, под работните простории на Тв Аласт М.
Телото ќе биде предадено на обдукција, а повеќе информации се очекуваат од надлежните институции.
Полицијата засега само потврди дека денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека е пронајдено беживотното тело на Л.Х (38) кое починало од здобиените повреди.
Пронајден мртов, со повреди на телото, директорот на Алсат, Лирим Хајредини




