дома Свет Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на границата по најавите за нов...

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на границата по најавите за нов упад на мигранти во Сеута

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници се распоредени долж границата на Сеута, по повиците упатени преку социјалните мрежи за нов масовен обид на мигрантите за влез во оваа шпанска енклава на северноафриканскиот брег.

По упадот на 72.000 мигранти од Мароко во Сеута кон крајот на минатиот месец, во објави на социјалните мрежи сега се сугерираат дека сличен обиде ќе биде организиран утре – 15 август, кога е национален празник во Шпанија.

Властите во Мадрид и Рабат информираа дека ги следат објавите на интернет и координираат заеднички одговор.

Портпаролот на мароканското Министерство за внатрешни работи, Рашид Ел Калфи, потврди дека Мароко „ги презема сите потребни мерки за да спречи каков било обид за илегално преминување на границата“.

Локалните медиуми јавија дека е видливо значително зголемување на бројот на безбедносни сили околу мароканскиот пограничен град Фнидек.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка вчера престојуваше во Сеута за да ја провери граничната инфраструктура и новата морска бариера, која е поставена за да се спречи влегувањето на луѓето со пливање во градот.

Безбедносните сили во шпанската енклава се засилени со 300 полицајци и 2.000 војници.

„Го правиме ова за да ги одвратиме сите што имаат намера нерегуларно да влезат во Сеута и Мелиља. Никој од нив нема да остане во Сеута, никој од нив нема да стигне до Иберискиот Полуостров и никој од нив нема да добие легален статус“, рече Гранде-Марласка.

ПредходнаПретрес во кабинетот на министерот за здравство на Федерацијата БиХ во рамки на истрага за клиника за вештачко оплодување
СледнаЕтна веќе седми ден по ред исфрла лава – феномен што не е виден половина век (ВИДЕО)