дома Свет Балкан Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е приоритет за Турција

Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е приоритет за Турција

Пристапувањето кон Европската Унија повеќе не е приоритет за Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Ал Џезира.

Сепак, според Ердоган,  Анкара и натаму ја остава отворена вратата за потенцијално членство, нагласувајќи ЕУ ќе биде во загуба ако продолжи да го одбива членството на Турција.

Турција е земја кандидат за членство од 1999 година. Таа ги запона пристапните преговори во 2005 година, но тие се замрзнати од страна на ЕУ од 2018 година поради, како што образложи Брисел, континуираното влошување на состојбата со демократијата, владеењето на правото и основните права.

Турската Влада последниот период е изложена на критики поради прогон на опозицијата. Од локалните избори во 2024 година, на кои главната опозициска Народна републиканска партија (ЦХП) победи во големите градови, Владата сè почесто презема мерки против општините под контрола на опозицијата, вклучително и апсење на градоначалниците под обвинение за наводна корупција.

Најтипичен приер за тоа е апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу во март 2025, што доведе до големи протести во текот на пролетта. Илјадници граѓани повторно излегоа на протести на улиците во Истанбул кон крајот на јули по апсењето на градоначалникот на истанбулаксата општина Ускудар.

Судењето на Имамоглу (55) и уште 414 обвинети, од кои 59 се исто така се во притвор, започна на 5 март. Судскиот процес се одвива во затворот Силиври, западно од Истанбул, каде што Имамоглу е притворен од лани во март. Имамоглу е обвинет за водење криминална мрежа, што тој го негира.

ПредходнаГолемиот пожаро во Белгија и натаму беснее, се очекува да биде ставен под контрола „денеска, утре или в среда“
СледнаБританскиот премиер Барнам разменувал СМС пораки со лажен „шеф на кабинетот на Трамп“