дома Магазин Свадбата на Кристијано Роналдо од зад кулисите: Венчавка на трпезариската маса и...

Свадбата на Кристијано Роналдо од зад кулисите: Венчавка на трпезариската маса и без меден месец (ВИДЕО)

За фановите на Кристијано Роналдо кои се заинтересирани само за неговата фудбалска кариера, една реченица особено се издвои во летното издание на американското списание „Вог“: „Ова е веројатно мојата последна година во фудбалот“.

За љубителите на вонспортски активности, интервјуто со најпозната фудбалска „седумка“ во светот, конечно нуди поглед од зад кулисите за неговиот брак со Џорџина Родригез, кој предизвика многу гласини и шпекалуции.

Во интевјуто Роналдо (41) и Родригез (32) конечно самите раскажуваат како поминала нивната свадба, која Џорџина ја нарекува сон при кој не можела „да ги сопре солзите“.

Кристијано и Џорџина се венчаа на 11 август, точно 10 години по нивната прва средба во бутикот на „Гучи“ во Мадрид.

Сите очекуваа голема забава со вртоглав список на гости, но двојката го избра спротивното: церемонија во нивната дневна соба.

 

Интимна церемонија во дневната соба

„Местото каде што појадуваме, ручаме и вечераме. Тоа е местото каде што се одвива нашиот секојдневен живот. За 30 години, сакам децата да мислат: „Нешто посебно се случи на оваа маса: брачните завети на нашите родители“, вели Џорџина за „Вог“.

Кристијано го гледа ова како „посебен ден поминат на нормален начин“. Ден во кој нивните деца – Алана, Бела, близнаците Ева и Матео и Кристијано помладиот (од претходна врска) – ги играа главните улоги.

„Беше точно како што замислував. Интимно, полно со љубов и во кое глуми нашето семејство. Не можев да ги сопрам солзите“, изјави Џорџина.

Сепак, таа признава дека како дете многу поинаку ја замислувала својата свадба. Тогаш сонувала за замок, кочија, фустан и круна полна со дијаманти. „Замоци, куќи, острови, коњи, автомобили: сето тоа го имаме на дофат секој ден. Но, токму нешто интимно е она што е исклучително за нас“, додава Џорџина.

Можеби не беше гигантска забава како оние на Дуа Липа или Тејлор Свифт, но потребниот луксуз секако беше присутен во форма на дијаманти и дизајнерска гардероба. Покрај импресивниот веренички прстен, Џорџина носеше ѓердан од Шопард со впечатлив дијамант од 50 карати.

Нивните облеки беа дизајнирани од Гучи, како референца на нивната прва средба. Џорџина не носеше долг фустан, туку се одлучи за бела блуза, бело здолниште и чевли со препознатливиот сребрен детаљ на модната марка. Кристијано се појави во кроен светло беж памучен костум со соодветни мокасини.

Голема свадба (и меден месец) за подоцна

Покрај интимната церемонија дома, тие добија црковен благослов во капела во местото на поклонение Фатима. Семејството Роналдо беше во фокусот и таму. Сепак, тие не исклучуваат голема прослава во иднина. „Голема свадба, за да можеме да прославиме со семејството и пријателите“, вели Џорџина.

Медениот месец, исто така, ќе треба да почека малку подолго. Кристијано се очекуваше да се врати во Ријад само еден ден по свадбата за да ја започне фудбалската сезона со Ал-Наср во Саудиска Арабија. „Но, секој ден се чувствувам како меден месец“, вели тој.

Почнувајќи од следната година, можеби ќе има повеќе време за патување, бидејќи предвидува дека ова ќе биде неговата последна година како фудбалер. „Сакам да оставам спектакуларно наследство“, потенцира Роналдо.

Тој веќе се радува на периодот кога ќе може да поминува повеќе време со своето семејство.

„Мојата иднина е целосно испланирана. Имам планирано многу нови работи, но исто така ќе одвојам многу време за забава. Сакам да патувам повеќе, да гледам и да играм и да продолжам да уживам во она што го постигнав. Она ​​што го постигнавме“, вели тој.

ПредходнаТрета жртва од западнонилска треска, најмладиот хоспитализиран има 25 години
СледнаГолемиот пожаро во Белгија и натаму беснее, се очекува да биде ставен под контрола „денеска, утре или в среда“