Од ЕВН и од ЈП Водовод и канализација информираа за прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода на територијата на Скопје во текот на денешниот ден.

Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2.
Од ЈП Водовод и канализација за денес најавија дека од 08:30 часот до завршување на работните активности, поради изведување на водоводен приклучок на стара мрежа со нова мрежа Ф250 милиметри на Ф100 милиметри на улица Џон Кенеди крстосница со улица Браќа Реџепагич и дел од Топанско поле.




