Театарска претстава „Уна“ од Момо Капор, во режија на Дејан Пројковски на белградскиот театар „Звездара“ синоќа Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Главната улога ја толкува Никола Ристановски, а настапуваат и Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.
-Претставата зборува за борба на човекот и подготвеноста да ја плати цената за да се избори за личната слобода и од друга страна, љубовта како една голема и вечна тема, љубовта која што живее во овие општествени и морални рамки, но всушност во тие рамки го бара својот бескрај и своето небо, љубовта којашто за двајцата, за Мишел и за Уна, е како едно патување низ нивните души. Всушност, тие се обидуваат космосот или сопствениот бескрај да го пронајдат некаде длабоко во себе. Претставата на крајот завршува со познатите стихови од романот што останува
после љубовта. Тоа е се темите, борбата на индивидуалецот и љубовта помеѓу две човечки суштества кои не одговараат по сижеата на сите светски љубовни приказни, вели режисерот Пројковски.
– Претставата „Уна“, за која Стеван Копривица го напиша текстот заснован на истоимениот роман од Момо Капор, продолжува како одговор на длабоката и универзална човечка потреба за приказна што зборува за сеќавањето, љубовта и минливоста. Капор во својот роман не раскажа само животна приказна, тој отвори теми што сè уште се актуелни денес. „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот наш живот – велат од Охридско лето.
Синоќа за публиката тоа беше вистинско освежување .Целата претстава се одвиваше во една трагикомична линија како што всушност е и човечкиот живот. Никола Ристановски, кој го играше главниот лик – универзитетскиот професор Мишел
Бабиќ, на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, уште еднаш потврди дека е суверен на сцената, играјќи со длабока, сугестивна и прецизна сценска игра. Во актерската екипа беа и Магдалена Мијатовиќ во улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ како Олга,-сопругата на професорот Бабиќ и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ.
Сценографијата на Валентин Светозарев беше посебно интересна, динамична и во склад со промените на тематскиот фокус. Музиката на Горан Трајковски автентично ја долови атмосферата на љубовната и политичката опиеност, а костимите на Ивана Ристиќ беа соодветни за реалистичната поставка на ликовите
Претставата, која има освоено бројни награди и е работена според романот „Уна“ од Момо Капор, за првпат се изведува во Македонија. Претставата премиерно беше изведена на 12 октомври 2025 година. Костимографијата е дело на Ивана Ристиќ, а музиката ја компонираше Горан Трајкоски.




