Во средното полициско училиште кое е возобновено и почнува со работа од 1 септември ќе бидат примени околу 300 кандидати кои успешно ги поминале сите селекции, проверки и елиминациски критериуми, иако првично беше предвидено да се запишат 200 кандидати.
Вкупната бројка на кандидати кои ги поминаа елиминационите критериуми поврзани со образованието, потребните оценки, поведението, физичките и здравствените карактеристики е околу 300 деца. Направивме детална анализа дали ќе можеме да ги примиме сите, разговаравме со Министерството за финансии и Владата донесе одлука дека ќе можеме да ги примиме сите. Навистина ќе беше жално да испуштиме кое било од тие деца кои ги исполниле условите, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Задоволен е од големиот одѕив од околу 600 кандидати кои се пријавиле на конкурсот.
Училиштето почнува со работа од 1 септември откако е возобновено по 26 години.

