На денешен ден е роден еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци Горан Стефановски.
По тој повод денеска на прес-конеференција во Драмскиот театар ќе бидат изнесени детали за конкурсот за наградата за најдобар драмски текст од млад автор која го носи името на Горан Стефановски.
Покрај ова, попладне од 17 часот општина Центар организира настан посветен на одбележувањето на роденденот на Стефановски на кој ќе присуствува неговиот син Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина.
Во рамки на настанот, хорот „Мирче Ацев“ ќе изведе неколку од омилените песни на Горан Стефановски, а настап ќе има и младата џез формација „Трицикл“.
Програмата ќе биде збогатена со монолози од неговите дела, интерпретирани од актери, како и со ликовна изложба со портрети од Горан, насликани од уметникот Ненад Рафајловски.



