дома Македонија Економија За плата се бориме – не се молиме, ССМ на протест за...

За плата се бориме – не се молиме, ССМ на протест за 1 Мај

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на Меѓународниот ден на трудот организира протест под мотото „За плата се бориме – не се молиме“.

Ова е осми првомајски протест што го организира ССМ, а годинава е со барање зда се зголемат платите на работниците.

– Меѓународниот ден на трудот 1ви Мај е денот кога не се поканува, туку се доаѓа. Денот,кога работниците, односно правите синдикати насекаде во светот излегуваат на протест и на демонстрација. Денот,кога работниците треба да бидат најгласни. Денот,кога работниците треба да излезат на улица рамо до рамо и да покажат дека неправадата која ја толерираат цела година можат јасно и гласно да ја искажат и да се спротистават на истата заедно со синдикатите, велат од ССМ.

Оттаму веќе извесен период посочуваат дека минималната плата не покрива ниту дел од основните трошоци на едно семејство. За таа цел досега организираа два протести и три блокади на институции надевајќи се дека ќе ги поттикнат надлежните институции да преземат мерки за зголемување на минималната плата и на сите останати плати. ССМ бараше минимална плата да се зголеми на 600 евра и да пораснат и сите останати плати.

Сепак, минималната плата беше зголемена за само 1.660 денари во март годинава кога се прави нејзино законско усогласување.

Државниот завод за статистика во март измери пораст на годишната инфлација од 4,9 проценти и на трошоците на живот од 3,4 проценти.

Со конфликтот на Блискиот Исток, Владата презеде мерки за горивата, но досега нема преземено мерки за цените на прехранбените производи.

ПредходнаБелата куќа нема да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран
СледнаКако Мерил Стрип успеа да ја удвои платата за улогата во „Ѓаволот носи Прада“