дома Локално Облачно и ветровито со ниски утрински температури

Облачно и ветровито со ниски утрински температури

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска. Ветерот ќе биде од северен правец и наместа во западните делови ќе надминува брзина од 50 km/h.

Синоптичарите најавуваат ниски утрински температури под нулата и дневни кои ќе достигнат од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со сончеви периоди и ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Променливото време ќе се задржи и утре, а веќе од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

ПредходнаКривична пријава за Костадин Костадинов и уште четири лица за бесправно градење и несовесно работење
СледнаПланинарски марш на Водно по повод Денот на европското знаме