Реконструкцијата на Владата што е најавена веднаш по 17 јуни по прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде пред се содржинска, а не голема по обем.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека повеќе би се задржал на содржината отколку на големината на реконструкцијата.
– Бидете трпеливи, денови се во прашање, да ги почнеме разговорите, па ќе зборуваме за детали, рече Мицкоски обраќајќи им се на новинарите.
Разговорите со коалиционите партнери почнуваат веднаш по прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ. Коалиционите партнери се надеваат дека ќе ги задржат министерските места.




