Во текот на денов се очекува Обвинителството да излезе со информација за палењето на дипломатските возила пред Бугарската амбасада. Сторителот беше идентификуван и приведен уште во текот на вчерашниот ден.
– Очекуваме во текот на денот да има соопштение од страна на Обвинителството и од судот во однос на понатамошните чекори, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Вчера реакција и осуда стигна од Владата, премиерот и шефот на дипломатијата, а денеска и од министерот за внатрешни работи.
– Огромна осуда лично од моја страна и од страна на сите оние политички фактори во државата на какво било насилство, особено насилство насочено кон оштетување предмети што се во сопственост на соседна држава. Особено таков тип на насилство, треба да биде предмет на осуда и е предмет на осуда, изјави Тошковски.




