Јужната команда на американската војска (САУТКОМ) денес објави дека нејзините единици нападнале брод во источниот Пацифик, управуван од назначена терористичка организација и користен за транспорт на дрога, и дека едно лице е убиено, а две го преживеале нападот.

„На 16 јуни, по наредба на командантот на САУТКОМ, генерал Франсис Л. Донован, Заедничката работна група Саутерн Спир изврши смртоносен кинетички напад врз брод управуван од назначени терористички организации. Разузнавањето потврди дека бродот оперирал по познати рути во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога. Еден машки нарко-терорист бил убиен за време на акцијата, а двајца мажи преживеале“, се вели во соопштението објавено од САУТКОМ на платформата X.
Додадено е дека крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави била известена по нападот да активира систем за пребарување и спасување на преживеани.




